05.04.2023 Скопје
Претседателот на Америка, Џо Бајден, телефонски разговарал со кралот Чарлс Трети и му го честиташе крунисувањето кое ќе се одржи на 6 мај, соопшти Белата куќа.
Џо Бајден го информирал британскиот монарх дека првата дама Џил Бајден со нетрпение очекува да учествува во име на Соединетите држави, се вели во соопштението, и претседателот Бајден исто така изрази желба да се сретне со кралот во Велика Британија на датумот што треба да се договори, соопшти Белата куќа.
На 6 мај во Вестминстерската опатија во Лондон се очекуваат околу 2.000 луѓе за крунисувањето на Чарлс III. кој застанува на тронот по смртта на мајка му Елизабета II. во септември.
Подготвено од М.Н.