27.04.2023 Скопје
„Секој нуклеарен напад против Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе доведе до пропаст на режимот на тој што ја донел таа одлука“, изјави американскиот претседател Џо Бајден, одговарајќи на прашање за нуклеарната закана на Северна Кореја за време на заедничката прес-конференција со неговиот јужнокорејски колега Јун Сук-Јол.
Посветеноста на администрацијата на Бајден да ја зајакне индустријата за полупроводници во САД „не ја засега Кина“, истакна претседателот Бајден во врска со односите со Пекинг. „Нашата цел е да обезбедиме земјата да има безбеден пристап до стратешките синџири на снабдување како овој“, додаде Бајден.
Бајден и Јун ја искористија првата официјална посета на јужнокорејскиот лидер на Белата куќа по повеќе од една деценија за да испратат предупредување до Пјонгјанг.
Бајден ја повтори американската понуда до Северна Кореја, да одржи дипломатски разговори за нуклеарната програма, за која севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се уште нема дадено одговор.
Подготвено од М.Н.