https://www.facebook.com/photo.php?fbid=624952462965054&set=pb.100063509179160.-2207520000.&type=3

05.04.2023 Скопје

Претседателот на Америка Џо Бајден од 11 до 14 април ќе ги посети Ирска и Северна Ирска по повод 25-годишнината од Мировниот договор од Велики петок и ќе го посети домот на неговите предци, соопшти денеска Белата куќа.

Бајден прво ќе престојува во Северна Ирска, каде на 11 и 12 април ќе го одбележи големиот напредок од потпишувањето на договорот и да ја нагласи подготвеноста на САД да го поддржат „огромниот економски потенцијал на областа за корист на сите заедници“, се вели во соопштението.

Американскиот претседател, кој често гордо зборува за своите ирски корени, потоа ќе престојува во Ирска до 14 април, каде ќе го посети Даблин и два домови на неговите предци во округот Лаут и округот Мејо.

Подготвено од М.Н.

About Author