19.04.2023 Скопје
Претседателот на Америка, Џо Бајден и неговата сопруга Џил Бајден ја објавија својата даночна пријава, според која двајцата заработиле речиси 580.000 долари минатата година и платиле данок од 23,8 отсто.
Бајден како претседател на државата заработува плата од 400.000 долари, а неговата сопруга Џил Бајден заработува 82.335 долари годишно како професор по англиски јазик на државен колеџ. Остатокот од нивниот приход доаѓа од камати од инвестиции, ануитети, распределби од сметки за пензионирање и социјално осигурување, покажува нивната заедничка даночна пријава.
Семејството Бајден исто така донирале околу 3,5 отсто од својот приход, односно 20.180 долари за 20 добротворни организации, вклучително и една поврзана со Синдикатот на американските полицајци.
Подготвено од М.Н.