https://www.facebook.com/photo.php?fbid=699678718825761&set=pb.100063509179160.-2207520000.&type=3

07.04.2023 Скопје

Претседателот на САД, Џо Бајден, објави збирен извештај за повлекувањето на САД од Авганистан, велејќи дека „нема знак дека повеќе време, ресурси или повеќе Американци“ би можеле суштински да ја променат ситуацијата, и го обвини претходникот Доналд Трамп за ограничување на опциите.

Во документ од 12 страници, Белата куќа остро ја критикуваше администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп, велејќи дека Бајден наследил хаотична, исцрпена операција во Авганистан, која сериозно ја ограничила способноста за одговор.

Белата куќа соопшти дека Бајден е горд на повлекувањето на војската и дека се уште верува дека одлуката за повлекување била правилна.

Талибанците ја презедоа власта во Авганистан во август 2021 година, а владата во Кабул поддржана од Запад падна со изненадувачка брзина.

Подготвено од М.Н.

About Author