11.04.2023 Скопје
Денеска австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер изјави дека Австрија планира да ги продолжи контролите на границата со Словенија и Хрватска од 11 мај.
Шестмесечната суспензија на безвизниот режим меѓу трите земји-членки на ЕУ истекува следниот месец.
„Во наредните денови ќе ја известиме Европската комисија дека ќе ги продолжиме граничните проверки“, изјави Карнер.
Според него, суспензијата на Шенгенскиот договор е неопходна во борбата против илегалната имиграција.
Подготвено од А.Ѓ.