https://www.facebook.com/photo.php?fbid=948190433170436&set=pb.100039384651153.-2207520000.&type=3

06.04.2023 Скопје

Миниистерката за Одбрана на Република Северна Македонија, Славјанка Петровска, во гостување на една национална телевизија, истакна дека армијата се модернизира со 30 отсто државен буџет, но и со голема помош од НАТО сојузниците.

„Нашата добра волја и политичката одлука, меѓутоа и реалната поддршка преку воена помош и опрема, беше ценета и е ценета особено од САД. За една година само, за 2022 година, се одобрени точно 137 милиони американски долари, неповратна финансиска помош, којашто во моментот се прави финалниот план за како ќе биде распоредена, но е извесно дека ќе се користи токму за проектите за модернизација кои се веќе започнати или многу скоро ќе бидат започнати”, истакна Петровска.

„Обединетото Кралство кое исто така е еден од донаторите со кои во заеднички проекти ги зајакнуваме капацитетите на Криволак, каде што многу скоро со амбасадорот ќе направиме и нова промоција на еден од капацитетите. Германија најавува можност за донација, Норвешка и така натаму. Сакам да кажам дека она што Република Северна Македонија го прави и го придонесува во НАТО се препознава од стратешките партнери на билатерално ниво”, истакна министерката Славјанка Петровска.

Подготвено од М.Н.

About Author