mumija 1

25.04.2023 Скопје

Перуанските археолози откопаа мумија стара повеќе од 1.000 години на периферијата на Лима, на местото Кајамаркила, која датира од времето пред Инките.

Мумијата е добро сочувана, откриена е во понеделникот во подземна гробница, а најверојатно се работи за адолесцентна девојка, изјавија археолозите.

Тие изјавија дека мумијата била стара помеѓу 1.100 и 1.200 години, потсетувајќи дека минатата година во близина била пронајдена друга мумија.

„На археолошкиот локалитет се пронајдени и останки на осум деца и 12 возрасни лица, кои очигледно биле жртвувани пред околу 800 до 1.200 години“, велат археолозите.

Распространетиот комплекс Кајамаркила содржи урнатини од четири пирамиди и други структури и се наоѓа на околу 20 километри од Лима.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author