18.04.2023 Скопје
Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека во Судан било пукано врз американски дипломатски конвој, но инцидентот поминал без жртви.
„Сите наши луѓе се безбедни и неповредени. Но, оваа акција беше непромислена, беше неодговорна и се разбира небезбедна“, изјави Блинкен по средбата на Г7 што се одржува во Јапонија.
Веќе четврти ден од борбите за превласт во Судан, но ниту армијата ниту паравоените сили не успеваат да извојуваат победа.
Повеќенеделните тензии поради предлогот за повторно воспоставување на цивилна власт ескалираа на 15 април кога почнаа борбите во главниот град на Судан, Картум, за подоцна да се прошират речиси во цела земја.
Подготвено од М.Н.