05.04.2023 Скопје
Од Европската куќа на фудбалот соопштија дека Александар Чеферин повторно е избран за претседател на УЕФА и во наредните четири години. Словенецот доби нов четиригодишен мандат на конгресот на УЕФА во Лисабон.
Неговиот втор мандат го одбележа борбата против создавањето на Суперлигата и исклучувањето на Русија од меѓународните натпреварувања поради војната во Украина, а направи и големи реформи во Лигата на шампионите.
Чеферин е на чело на УЕФА од септември 2016 година, откако беше сменет Мишел Платини, а за него овој мандат ќе биде последен, бидејќи според Статутот на УЕФА никој не смее да го води европскиот фудбал повеќе од три изборни периоди.
Подготвено од М.Н.