19.04.2023 Скопје
Владата на вчерашната 147 седница донесе одлука да го именува Агрон Речи за Државен правобранител на Република Северна Македонија, според процедурите на предлог на министерот за правда, и по спроведен Оглас.
Како што информираат од владината прес-служба, новоименуваниот Државен правобранител Речи е досегашен државен правобранител од подрачната единица на Државното правобранителство Охрид, каде ја извршувал функцијата од ноември 2020 година.
Од владината прес-служба исто така посочуваат дека Речи по професија е дипломиран правник, според наведеното во неговата Биографија, со долгогодишно правничко искуство во сектори за правни, кадровски и општи работи.
Подготвено од М.Н.