aerodrom

24.04.2023 Скопје

Десетици летови беа откажани денеска од два главни аеродроми во Германија поради штрајкот на безбедносните и копнените работници во Берлин и Хамбург.

Аеродромот Берлин-Бранденбург ги откажа сите полетувања и неколку пристигнувања откако синдикатот Верди ги повика работниците од обезбедувањето да штрајкуваат до полноќ. Откажани се околу 240 летови.

Во Германија, како и во неколку европски земји, се одржаа неколку штрајкови бидејќи работниците бараат повисоки плати и подобри работни услови за да се справат со зголемените трошоци за живот.

Вработените во државниот сектор се согласија на договор за плати со работодавците во посебен спор за време на викендот, додека Верди најави бран нови штрајкови со железницата во пет држави за среда, 26 април.

Еднодневен штрајк излегоа и вработените во приватната „Хамбург авијациска служба“ (АХС), кои се задолжени за пријавување и качување на патниците и изгубениот багаж од различни компании, меѓу кои и Луфтханза.

Според податоците од аеродромот во Хамбург, АХС била задолжена за 84 од вкупно 160 летови денеска. Минатата недела од штрајкот беа погодени аеродромите во Дизелдорф, Штутгарт и аеродромот Келн-Бон.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author