06.04.2023 Скопје
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски го информирал премерот дека поднесува оставка од функцијата од лични причини, соопшти премиерот Ковачевски.
Нов директор на најголемата енергетска компанија ќе биде Васко Стефанов, поранешен директор на Водостопанство, АД Пошта кој е со големо менаџерско искуство.
Оставката и новото именување ќе бидат на дневен ред на наредната владина седница. Надзорниот одбор на ЕСМ го назначи Васко Ковачевски за претседател на Управниот одбор и за генерален директор во јули 2019 година, функција на која дојде од местото директор на РЕК „Битола“ која е најголема подружница на ЕСМ каде беше назначен во јануари 2018 година.
Инаку, досегашниот генерален директор на ЕСМ, кој е вработен во компанијата, прво ќе оди на годишен одмор, а по проценка на менаџменотот на компанијата ќе види каков ќе биде неговиот иден ангажман во ЕСМ.
Подготвено од М.Н.