krupen chovek

16.03.2023 Скопје

Официјален претставник на Националниот институт за јавно здравје изјави дека Хрватите се нацијата со најмногу килограми во Европската унија, а годишните трошоци за лекување поврзани со здравствените состојби изнесуваат речиси 3 отсто од БДП.

„Околу 35% од децата и 65% од возрасните во Хрватска се со прекумерна тежина. Децата го држат високото петто место во Европа, додека возрасните го држат првото место, и мажите и жените“, рече Сања Мусиќ Милановиќ, раководител на одделот за промоција на здравјето на Националниот институт за јавно здравје, која зборуваше на здравствена конференција во Загреб.

Мусиќ Милановиќ истакна дека околу 2,7 отсто од БДП на Хрватска бил потрошен за лекување на болести поврзани со прекумерна тежина и дебелина во 2019 година. Воедно, таа предупреди дека тоа е 1,7 милијарди евра и „ако продолжиме на овој начин, до 2060 година, ќе потрошиме 3,5 отсто од БДП, или 5,8 милијарди евра, на нешто што може да се спречи.

Хрватското Министерство за здравство почна да подготвува акционен план за справување со дебелината минатата година, а Ивана Портолан Пајиќ од министерството рече дека планот сè уште се дотерува и треба да биде усвоен пред летото.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author