https://www.flickr.com/photos/27727912@N03/8013248748/in/photolist-dd6ZFb-6ZbYE7-y5Mr8j-yKh6ng-5enWd7-ejwPHf-6c4WsJ-9jtgn8-6gU8vj-9fQx3b-89MyeM-3y8E6s-NPcx54-2Rgnyb-8rp82Q-6eNAnW-a3xV8D-6f4Dfw-B4Yff3-7LXo5L-2HRHte-pUP9bK-ced2UG-9Y1T9R-6XRVw9-cEx92C-Pw69s-6KWMg5-pMcCN2-eeRmXz-nCxVDZ-kqUj98-26Xxf46-bxvQwe-39uDe2-ocmnev-9fS4Fo-4kYcAG-ksbUN-4xQ4VX-7bUoQD-5ebkyV-9YnbWY-aEtsXE-2mECUv-DnL7S-a63NZV-cVWaJ5-D94zGx-8XxkKk

15.03.2023 Скопје

Најмалку 10 лица ги загубија животите во поплавите во две турски провинции, кои беа разурнати од катастрофалниот земјотрес минатиот месец.

Турските власти додаваат дека силниот дожд и поплавите создадоа дополнителен проблем за илјадници луѓе кои останаа без покрив над главата.

„Едно лице загина во градот Тут во југоисточната провинција Адијаман, кога водата однела контејнер во кој живеела група преживеани од земјотресот“, изјави гувернерот Нуман Хатипоглу.

Четири лица од Тут се водат за исчезнати.

„Во соседната провинција Шанлиурфа четири лица загинаа, а двајца пожарникари исто така се водат за исчезнати по поплавите“, изјави гувернерот Салих Ајхан.

Малку подоцна, спасувачите пронајдоа тела на пет сириски државјани во поплавен подрум во Шанлиурфа.

Силен земјотрес ги погоди јужните делови на Турција и Сирија на 6 февруари, при што загинаа повеќе од 56.000 луѓе, повеќето од нив во Турција.

Подготвено од Д.Ц.

About Author