dijamanti

15.03.2023 Скопје

На насловните страници во Бразил веќе две недели е аферата „дијаманти“. Поранешниот претседател Заир Болсонаро беше обвинет дека се обидел илегално да внесе сет накит во земјата, инаку подарок од саудиската влада.

Комплетот со скапоцени камења е сместен во кожна футрола обложена со темно кадифе.

Внатре има пар обетки, прстен, часовник и ѓердан украсени со десетици приврзоци обложени со дијаманти. Комплетот е креација на швајцарскиот златар Шопард и е проценет на речиси три милиони евра.

Болсонаро живее на Флорида од 30 декември, кога ја напушти земјата пред инаугурацијата на неговиот наследник Инасио Лула да Силва и е под закана од кривично гонење.

Францускиот весник „Монд“ пишува дека се започна во октомври 2021 година. Во тоа време, Жаир Болсонаро беше на власт и го испрати својот министер за рудници и енергија, адмиралот Бенто Албукерки, во Ријад за да го претставува Бразил на самитот „Зелен Блиски Исток“, промовиран од престолонаследникот Мохамед бин Салман, познат како „МБС“ , чија цел е да ја промовира иницијативата за климатски промени на Саудиска Арабија.

По нивното враќање, на 26 октомври, царинските службеници на меѓународниот аеродром Гуаруљос, во Сао Паоло, дошле до изненадувачко откритие: скриени во долниот дел од ранецот на еден војник, советник на министерот за Албакерки, пронашле кутија со накит Шопард.

Со оглед на тоа што вредноста на накитот е далеку над 1.000 долари, накитот требало веднаш да биде конфискуван од даночните власти, пренесува Танјуг.

Комплетот е всушност многу дарежлив подарок што саудиските власти го испратија до Болсонаро и неговата сопруга Мишел, но Болсонаро не сакаше да ги остави овие накит во јавната каса или да ја плати високата царина, 50 проценти од вредноста на накитот, поради што му наредил на својот министер дискретно да ги прошверцува дијамантите во Бразил.

Повеќе од една година Болсонаро правеше се за да дојде до накит.

Во неколку наврати, луѓе од доверба беа испраќани да преговараат со царината на аеродромот.

Три дена пред истекот на мандатот на поранешниот претседател, во декември 2022 година, поморски наредник се симнал од воен авион во Гуаруљос и им се заканил на цариниците да му го предадат накитот, но залудно.

Весникот „Естадао“ на почетокот на март откри дека има уште еден комплет луксузни предмети, со проценета вредност од 70.000 евра, кои Заир Болсонаро успеал да ги прошверцува во Бразил. Тој случај го презедоа федералната полиција, Ревизорскиот суд и обвинителството, а неколку пратеници се залагаат за формирање истражна комисија.

Откако негираше дека го прекршил законот и рече дека тоа е подарок наменет за неговата сопруга, Жаир Болсонаро конечно го вратил накитот што бил во сопственост на даночните власти.

Штетата, сепак, е направена – најголемите поддржувачи на Болсонаро ќе продолжат да го поддржуваат, но неговиот имиџ како чесен човек на народот е сериозно нарушен, изјави политичкиот аналитичар Томас Труман.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author