07.03.2023 Скопје
Ејпл објави нова функција за iOS 16, која не им се допадна на фановите.
iOS 16.1 со себе носи полнење со чиста енергија, што ги намалува емисиите на јаглерод со забавување на полнењето на iPhone-ите.
Телефонот се полни побавно во зависност од временскиот период на полнење, како и од локацијата каде што се полни уредот.
Оваа ситуација предизвика негодување кај корисниците, кои сметаат дека Apple намерно ја додал функцијата за да ги „излаже“ да ги надградат своите уреди. Други сметаат дека гигантот од Купертино им диктира на луѓето како да користат телефон од 1.000 долари.
Засега, опцијата Clean Energy Charging е достапна само за корисниците во САД, а може да се исклучи со едноставно притискање на копче.
Полнењето со чиста енергија работи со оптимизирано полнење на батеријата и учи од навиките за полнење на корисникот.
За да ја деактивирате функцијата, потребно е да отидете до поставките – Батерија – Здравје на батеријата и полнење и да го исклучите прекинувачот наречен „Полнење со чиста енергија“.
Подготвено од А.Ѓ.