Image by wirestock on Freepik

27.03.2023 Скопје

Референдумот на кој жителите на Берлин вчера одлучуваа за тоа дали нивниот град треба да стане климатски неутрален до 2030 година не успеа, изјави градоначалничката Франциска Гифи.

Таа мерка би ја натерала новата конзервативна локална влада да инвестира во обновливите извори на енергија, ефикасноста на зградите и јавниот транспорт.

Минатата година, Европската унија започна програма за помош на 100 градови во и надвор од блокот да станат климатски неутрални до 2030 година, но програмата и финансиската поддршка што ја нуди не се правно обврзувачки.

Референдумот беше тест за тоа дали Германците, или барем граѓаните на Берлин, сакаат климатската политика на Германија, доколку референдумот беше успешен, Берлин ќе беше еден од ретките големи европски градови со правно обврзувачка цел да стане јаглеродно неутрален за седум години.

Подготвено од М.Н.

About Author