16.03.2023 Скопје
Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди новозеландските острови Кермадец, а засега нема информации за жртви или материјална штета.
Националната агенција за управување со вонредни состојби (НЕМА) на Нов Зеланд посочи дека земјотресот, кој се случи на длабочина од 22 километри, не го зголеми предупредувањето за цунами, па затоа ја исклучи опасноста од цунами.
Подготвено од А.Ѓ.