27.03.2023 Скопје
Тони токсичен отпад и арсен оксид, тешката миризба од депонија оддалечена само околу 100 метри од училиште каде учат и играат 400 деца во село Лојане, кумановско.
Рудникот за хром и антимон во селото Лојане бил затворен во 1979 година, а отпадот бил оставен на отворено, загадувајќи го земјиштето и подземните водоводи.
Африм Зимбери, кој е наставник по географија ја повика Владата да превземе соодветни мерки за оваа токсична депонија бидејќи околината е премногу опасна за учениците кои следат настава во тоа училиште.
Од Владата соопштија дека прават се што можат за да се продаде отпадот, но за сега како превентивна мерка ќе го блокираат пристапот до оваа депонија.
Според извештајот од 2007 година од Програмата за развој на Обединетите нации, на депониите во и близу селото имало милиони тони отпад, што содржи токсични концентрации на арсен, антимон и други опасни материи.
Во Република Северна Македонија идентификувани се вкупно 16 локации со опасен индустриски отпад, а според Светската здравствена организација арсенот е една од 10-те хемикалии кои предизвикуваат голема грижа за јавното здравје.
Подготвено од М.Н.