29.03.2023 Скопје
Западниот Пацифик е стаза на се поблиска трка во вооружување меѓу САД и Кина. Ова е предупредувањето што вчера го формулираше началникот на Здружениот штаб на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили, за време на сослушувањето пред Комисијата за вооружени служби на американскиот федерален Сенат.
Мили го наведе австралискиот план од 200 милијарди долари за флота на подморници со нуклеарен погон и процесот на повторно вооружување на Јапонија, и укажа на подготвеноста на Кина да ја преземе контролата врз Тајван и Јужното Кинеско Море.
На 2 февруари, владата на Филипините им одобри на САД проширен пристап до четири други воени бази на нејзина територија. Соопштението уследи по средбата во Манила меѓу претседателот Фердинанд Маркос Џуниор и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.
Во заедничкото соопштение на соодветните министерства за одбрана се вели дека американските сили ќе имаат пристап до четири дополнителни воени локации на територијата на Филипините според Договорот за засилена одбранбена соработка потпишан од двете земји во 2014 година.
Договорот, кој двете земји имаат намера дополнително да го подобрат веќе им дозволи на повеќе американски војници да одржуваат ротирачки гарнизони во пет филипински воени бази за активности за обука, претходно позиционирање на опремата и изградба на писти, магацини и касарни.
Подготвено од М.Н.