08.03.2023 Скопје
Секретарката на Советот за координација на безбедносно- разузнавачката заедница Даниела Илиоска истакна дека граѓаните се безбедни и безбедносната ситуација е стабилна. Воедно, додаде дека „се соочуваме со интензивен хибриден напад чија цел е да внесе вознемирување, страв, паника и хаос кај граѓаните“.
НАТО делегација предводена од заменик-помошникот генерален секретар за новите безбедносни предизвици, Џејмс Апатураи се наоѓа во земјава, пришто беше одржан состанок на експертско ниво на кое учествуваа и членовите на Оперативниот тим на Советот.
Илиоска рече дека заканите доаѓаат со разгорувањето на воената агресија на Русија врз Украина и тие се комбинација на странски и домашни актери, потенцирајќи дека ова е случај и во другите земји од регионот и на други НАТО членки. Исто така, додаде дека сите земји од слободниот свет се соочуваат со зголемен интензитет на хибридни закани.
Апатураи истана дека Република Северна Македонија се справува со намерен, издржан и циничен хибриден напад. Но како НАТО членка, не се справува со овој предизвик сама, туку е член на семејство на демократии кои стојат заедно и се поддржуваат едни со други.
Подготвено од А.Ѓ.