sredba voeni zlostorstva ukraina vo london

20.03.2023 Скопје

Министри за правда од целиот свет ќе се сретнат денеска во Лондон за да разговараат за зголемување на поддршката за Меѓународниот кривичен суд откако минатата недела издаде налог за апсење на претседателот на Русија. МКС го обвини рускиот претсдател за воено злосторство за незаконско депортирање на стотици деца од Украина.

Москва ги отфрла обвинувањата, нарекувајќи го потегот неприфатлив и нагласува дека тој нема правна сила во Русија, која не е членка на судот.

Велика Британија вети 1 милион фунти на МКС оваа година, а Министерството за правда соопшти дека се очекува и други земји да ветат финансиска поддршка за време на конференцијата во Лондон, чиј домаќини ќе бидат Велика Британија и Холандија.

Средствата ќе бидат искористени за обука на инспектори за истрага на наводните воени злосторства, како и психолошка и практична поддршка за жртвите, објави Министерството.

Подготвено од М.Н.

About Author