20.03.2023 Скопје
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 800 возачи, соопшти МВР.
Како што информира Министерството за внатешни работи, од нив 44 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 506 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 294 надвор од населено место, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и од МВР упатија апел до сите учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се допринесе за побезбедни патишта во државата.
Подготвено од М.Н.