31.03.2023 Скопје
Кинеската Влада соопшти дека проблемите со долговите во светот се влошиле поради зголемувањето на каматните стапки на Вашингтон од страна на Федералните резерви на САД, што Пекинг го нарече „стапка без преседан“.
Оваа изјава доаѓа откако американската министерка за финансии Џенет Јелен, изјави дека кредитните активности на Пекинг ги оставаат земјите во развој „заробени во долгови“.
Во обраќањето до американските конгресмени, Јелен истакна дека е „многу загрижена за некои од активностите на Кина на глобално ниво“ и дека таа земјата се ангажира во земјите „на начин што ги остава заробени во долгови и не промовира економски развој”.
Јелен додаде дека Вашингтон работи напорно за да се спротивстави на влијанието на Кина во меѓународните институции и на кредитирањето на земјите во развој.
Подготвено од М.Н.