https://www.facebook.com/PandaPandaPaws/photos/pcb.455074759987620/455074466654316

17.03.2023 Скопје

Денеска српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека на продолжението на разговорите со косовскиот премиер Албин Курти во Охрид „нема да потпише ништо“, туку дека „ќе разговара за нормализација на односите“.

На митингот во Сремска Митровица, Вучиќ рече дека Белград мора да разговара со властите во Приштина, „особено затоа што многу од нив сакаат да го скршат столбот на слободна, слободарска и независна Србија“.

Митингот во Сремска Митровица се одржа во исто време со собирот на десничарските опозициски партии во Белград против француско-германскиот план за Косово и на истиот Вучиќ истакна дека никој не може да го уценува него.

Српскиот претседател исто така додаде дека како Влада се свесни за нивните црвени линии во секое време и „сега повеќе од кога било ни треба мудрост, потребен ни е мир, не неодговорност“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author