28.03.2023 Скопје
Фудбалската македонска репрезентација оствари минимална победа (1-0) над Фарски Острови на пријателскиот натпревар што се одигра на арената „Тодор Проески“. Тоа е втор триумф во низа за нашиот национален тим, а го обезбеди Бојан Миовски со погодокот во 82.минута.
Миовски доби употреблива топка, влезе во шеснаесетникот и со десната нога од 15 метри шутираше во спротивниот агол од голот на противникот.
Само три минути претходно Елиф Елмас имаше одлична шанса, но голманот на Фарски Острови успеа да одбрани во дуелот „еден на еден“.
Во првото полувреме, Езгјан Алиоски ја погоди стативата, а Дарко Велковски за малку не погоди од изгледна позиција. Во 28 минута не беше досуден и пенал за македонската репрезентација откако еден дефанзивец на Фарски Острови играше со рака во сопствениот шеснаесетник.
Подготвено од М.Н.