03.03.2023 Скопје
Вработените во јавниот транспорт денеска излегоа на штрајк во бројни градови низ Германија, на покана на синдикатот „Верди“.
„Верди“ на почетокот на неделата најави штрајк на вработените во јавниот транспорт во повеќе од 30 градови во шест покраини – во Баден-Виртемберг, Хесен, Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија и Саксонија.
Штрајкови меѓу другите се одржуваат во Бохум, Дортмунд, Ахен, Минстер и Дизелдорф.
Весникот наведува дека ситуацијата е особено тешка во Дортмунд каде денеска се игра фудбалски натпревар меѓу локалните „Борусија“ и „Лајпциг“, а се одржува и настап на познатиот комичар Булент Цејлан и мото рели.
Синдикатите бараат зголемување на платите за 10,5 отсто, но не помалку од 500 евра месечно. Одбиена е контрапонудата на работодавачите за зголемување на платите од пет проценти. Следната рунда преговори треба да започне на 27 март.
Подготвено од А.Ѓ.