protest

27.03.2023 Скопје

И денеска вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм организираат едночасовен протест пред Министерството за финансии, со кој ќе изразат незадоволство поради своите месечни примања.

Вработените од Министерството за култура и минатата недела одржаа протест на кој упатија апел за покачување на платите.

Бранко Костовски, претседателот на синдикалната организација при Министерството за култура, изјави дека платите на речиси 70 отсто од вработените во овие три институции се под просечната плата во државата, а разликата со платите на вработените на исти позиции во установите од областа на културата е и по 10 илјади денари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author