voda vo solarniot sistem

17.03.2023 Скопје

Научниците го истражуваа потеклото на животот на Земјата, а водата на нашата планета има повеќе историја отколку што мислевме.

Излегува дека водата што ја пиеме секој ден може да биде навистина, навистина стара. Постара и од Сонцето, всушност.

Астрономите кои ја истражуваат состојбата на водата во нашиот Сончев систем открија дека има врски со водата во „меѓуѕвездениот медиум“ помеѓу ѕвездите.

Тие анализирале млада ѕвезда која се наоѓа на оддалеченост од 1.305 светлосни години од Земјата и откриле дека водата на почетокот на постоењето на тој сончев систем има исти хемиски карактеристики како водата во нашиот Сончев Систем иако е стара милијарди години.

„Нашите резултати покажуваат дека водата била дел од Сончевиот Систем за време на неговото формирање. Тоа е возбудливо бидејќи покажува дека други планетарни системи, исто така, би требало да имаат големи количества вода“, изјавила Мерел Вант Хоф од Универзитетот во Мичиген, која е еден од авторите на истражувањето.

Студијата се фокусираше на „снежната линија“, која е зоната каде водата станува мраз околу младите ѕвезди во развој, користејќи ја неверојатно моќната Атакама Голема Милиметарска/подмилиметарска Низа (ALMA) во Чиле.

Овие телескопи се користат за набљудување на светлината од облаците во длабоката вселена и откриле дека односот на водородот во водата таму е многу сличен на оној во нашиот Сончев систем.

„Астрономите можат да ја користат оваа светлина за да ги проучат хемиските и физичките услови во молекуларните облаци – густите области на гас и прашина каде што се раѓаат нови ѕвезди“, се вели на веб-страницата АЛМА на Европската јужна опсерваторија.

Често овие области на Универзумот се темни и заматени во видлива светлина, но тие светат силно во милиметарскиот и субмилиметарскиот дел од спектарот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author