https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/2/2c/Kernkraftwerk_Saporischschja.JPG

29.03.2023 Скопје

Во близина на нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина, судирите се интензивираа, изјави шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Маријано Гроси, и предупреди дека оваа ситуација ја зголемува можноста за нуклеарна несреќа.

Пред неколку дена Гроси се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ги обвини руските војници дека ја држат во заложништво најголемата нуклеарна централа во Европа.

„Забележавме зголемено ниво на борби, активни конфликти, тимовите кои престојуваат во областа секојдневно известуваат за напади, зголемено е нивото на опасност. Треба да се обидеме да избегнеме несреќа, а можноста да се случи се зголемува“, истакна Гроси.

Подготвено од М.Н.

About Author