30.03.2023 Скопје
Туркменистан ќе потроши речиси 4,5 милијарди евра за изградба на нов град именуван по моќниот човек Гурбангули Бердимухамедов, соопштија официјални лица.
Туркменистан е една од најрепресивните, најтаинствените земји во светот и малку се знае за тоа како режимот донесува секојдневни одлуки.
Гурбангули Бердимухамедов, поранешен стоматолог кој станал автократ, официјално се повлекол од функцијата претседател на поранешната советска република минатата година, а неговото место е заменето од неговиот син Сердар Бердимухамедов.
Сепак 65-годишниот Бердимухамедов, познат по својот култ на личност, ја носи титулата „Аркадаг“ (херој заштитник) и продолжува да доминира во земјата. Новиот град, кој е на 30 километри одалечен од главниот град Ашхабат, ќе го носи името на неговата титула, и се претпоставува дека ќе има околу 73.000 жители.
Групите за човекови права го обвинија Туркменистан дека троши пари од својот профит од гасот на раскошни проекти кои воопшто не му користат на населението.
Подготвено од М.Н.