https://www.facebook.com/photo.php?fbid=318937450414953&set=pb.100068961018275.-2207520000..&type=3

20.03.2023 Скопје

Во Собранието денеска ќе продолжи 106 седница на која на дневен ред е Предлог за избор на судија на Уставниот суд каде за нов уставен судија е предложена Елизабета Дуковска.

На дневен ред на седницата се и избор на член на Државниот совет за престапништво, ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија со Украина, измени и дополнувања на Законот за Собранието, по скратена постапка, Предлог на закон за амнестија, по скратена постапка.

Исто така и дополнување на Законот за служба во Армијата, по скратена постапка, Предлог на закон за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата и измени и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, двата во прво читање.

Подготвено од М.Н.

About Author