https://www.facebook.com/photo?fbid=622169753288095&set=pb.100064852267875.-2207520000.

30.03.2023 Скопје

Перо Антиќ повторно е избран за претседател на КФСМ во следните четири години.

На вчерашното годишно, во исто време и изборно Собрание, досегашниот предводник на македонската кошарка, доби поддршка од 40 делегати, односно од присутните членови со право на глас, на седницата на највисокото тело на КФСМ одржана во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Перо Антиќ се заблагодари на укажаната доверба и пред сите присутни вети дека ќе работи напорно за да ја оправда дадената доверба на членовите.

Исто така потенцираше дека клубовите ќе бидат ослободени од доста трошоци, но очекува дека тоа ќе биде официјализирано за три-четири дена, истакна стариот и нов претседател на Македонската кошаркарска федерација.

Собранието на федерација го изгласа и новиот Надзорен одбор кој ќе го сочинуваат Филип Гривчевски како претседател, и двајца членови, Душко Вељановски и Јанко Мишев.

Претходно на седницата, присутните делегати го прифатија извештајот за работата на федерацијата за 2022 година, вклучително и извештајот за финансиското работење на федерацијата за изминатата календарска година, кој го презентираше генералниот секретар Владимир Георгиевски.

Спортскиот директор на националните тимови, Марјан Србиновски ги запозна присутните делегати за сработеното во изминатиот период, во сите национални селекции.

Во исто време, ги најави и следните репрезентативни активности, кои се во голем број во периодот кој е пред нас, а кои ќе кулминираат со организација на две Европски младински првенства, и настапите на нашата машка сениорска репрезентација во квалификациите за Евробаскетот 2025 , но и во преткавлификациите за пласман на Олимписките Игри во Париз во 2024 година.

Подготвено од М.Н.

About Author