https://www.facebook.com/photo.php?fbid=729234865224504&set=pb.100044139924327.-2207520000.&type=3

28.03.2023 Скопје

Министерството за надворешни работи соопшти дека во рамки на претседавањето на земјава со Иницијативата „САД – Јадранска повелба“ (А5) денеска во Скопје ќе се одржи неформален состанок на министрите за надворешни работи на А5.

А5 е уникатна платформа за развивање на регионалната соработка во областа на одбраната, формирана во 2003 година под покртовителство на САД.

Во соопштението од МНР стои дека состанокот во својство на претседавач ќе го води министерот за надворешни работи Бујар Османи, а на него ќе учествуваат шефови на дипломатиите и високи претставници од земјите членки и набљудувачи на „САД-Јадранската Повелба“.

Министерот Османи во декември, минатата година на состанок на А5 во Црна Гора, ги претстави целите на претседавањето на Република Северна Македонија со Повелбата, најавувајќи иницијатива за ревитализација и адаптација на Повелбата, соодветна на новите геополитички предизвици и новите околности во кои се наоѓа регионот.

Членки на Повелбата покрај Република Северна Македонија, се и Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, додека Србија, Словенија и Косово имаат статус на набљудувачи. Република Северна Македонија го презеде претседавањето со Иницијатива во година кога се одбележуваат две децении од нејзиното постоење.

Подготвено од М.Н.

About Author