03.03.2023 Скопје
Безбедносните сили на Саудиска Арабија заплениле 4.962.000 амфетамини во саудискиот главен град Ријад, изјави портпаролот на генералниот директорат за контрола на дрога, мајорот Мухамед ал Нуџаиди, и додаде дека апчињата биле скриени во пратка со кабли.
За време на акцијата, еден сириски државјанин е уапсен под обвинение за шверц на дрога. Според првичните проценки, товарот е во вредност од речиси 70 милиони долари.
Податоците објавени во последниве години покажуваат дека Кралството е меѓу главните потрошувачи на стимуланс кој е сличен на амфетамин.
Подготвено од М.Н.