https://www.flickr.com/photos/50875199@N00/6062328799/in/photolist-4HpMAU-9ztuUE-6dGy5F-4a9mf2-sujm8K-69pV8G-aeH298-aeH29k-5EBW7G-8NzR87-7qoSRq-qGiebQ-2ij2qh3-HhEoc-4HxkvY-4nfMxJ-qs2AsC-4YYKfT-CamdP-UHgnjp-8vv3oH-bJCBUH-4Rig6V-ToStSX-qsasMi-qJzXVT-qsasQp-n99eT-qsamUg-3bpPiE-2hvjXGs-2meqCrn-qJzS2i-bWyZ8e-2g3tD4Y-oPFVgW-qs91jT-26SWNU1-5oaDe9-qJzS6M-5ZD8XQ-2gPcVdC-5gani-U3q4uQ-U3q4xA-5152rz-ToStVT-ToStYZ-U3q4Gd-oMPWZC

25.03.2023 Скопје

Четиристотини четириесет и еден полицаец и десетици демонстранти беа повредени во последните протести низ Франција против пензиските реформи.

Претседателот Емануел Макрон е под притисок да најде начин за излез од кризата што го предизвика најголемото улично насилство во Франција во последниве години поради законот за пензија што го усвои парламентот без гласање.

Властите соопштија дека биле уапсени 475 лица, а десетици од приведените исто така биле повредени.

Според извештаите на европските медиуми, повеќе од милион луѓе излегле на протести низ земјата.

Подготвено од М.Н.

About Author