24.03.2023 Скопје

Во недела наутро, овој викенд, стрелките на часовникот од 2 часот ќе се поместат на 3 часот, со што ќе почне летното сметање на времето за оваа година и ќе трае до 29 октомври, кога ќе се вратиме повторно на зимското сметање на времето.

Следната 2024 година повторно ќе го повториме истиот циклус, затоа што во светот, во Европа, па и во Република Северна Македонија уште нема конечна одлука да престане зимското сметање на времето и покрај тоа што луѓето насекаде го посакуваат тоа.

Од Владата немаат конечна одлука за тоа дали земјата би останала во трајно летно или во трајно зимско време кога ќе дојде моментот да се донесе конечната одлука да престане поместувањето на часовникот.

Извршната власт засега на оваа тема настапува со последниот став на Владата од минатиот октомври, кога со анализа на Министерството за финансии се утврди дека задржувањето на летното сметање на времето во зимата ќе предизвика зголемена потрошувачка на топлинска енергија.

Од Владата информираат дека засега ќе остане решението да се поместува часовникот согласно Законот за сметање на времето, а кога ќе треба да се носи конечна одлука, ќе се анализира повторно дали ќе бидеме во летно или во зимско време.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *