italija hemikalii

29.03.2023 Скопје

Во хемиската компанија „Кеми“ во Новара на северот на Италија денеска избувна пожар, а градоначалникот ги предупреди граѓаните да не отвораат прозорци и да не ги напуштаат куќите доколку тоа е апсолутно неопходно.

Фабриката која преработува хемиски растворувачи се наоѓа во индустриската зона Сан Пјетро Мозеко, а голем црн облак се движи во правец на Ломбардија.

Според очевидци, се слушнале и експлозии, а целата индустриска зона била евакуирана. Засега нема информации дали има загинати или повредени лица.

„Пожарот што утринава избувна во претпријатието во Сан Пјетро Мозец се уште трае, тој е под контрола на пожарникарите, но колоната чад може да создаде ризик од еколошка и здравствена катастрофа. На граѓаните им се препорачува да ги чуваат прозорците затворени и доколку не е потребно да останат дома.Исто така, се препорачува децата да останат во училницата со затворени прозорци“, рече градоначалникот.

На терен се и екипи на Регионалната агенција за заштита на животната средина АРПА, карабинери и шест противпожарни екипи, како и екипи за итни случаи.

Пламените јазици се високи педесетина метри, а облакот е видлив на неколку километри.

Причината за пожарот засега не е позната.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author