09.03.2023 Скопје
Министерството за образование и наука соопшти дека група составена од претставници на повеќе институции и чинители на воспитно-образовниот процес работи на подготовка на првата нацрт-верзија на новиот Закон за учебници во основното и средното образование.
Од Министерството за образование и наука соопштија дека ќе го унапредат квалитетот на содржината на учебници, со цел да се намали веројатноста од појава на грешки од различна природа во содржината и да се поедностави процесот на набавка и навремена испорака до училиштата.
Во новото законско решение, посочува Министерството, ќе бидат интегрирани сите конструктивни предлози што пристигнале на неговата адреса од јануари, кога беше повикана јавноста да даде забелешки и сугестии на постојното законско решение.
Подготвено од А.Ѓ.