21.03.2023 Скопје
Најмалку 3 агенции во Република Северна Македонија се во преговори за увоз на работна сила од странство.
Од Организацијата на работодавачи во државава велат дека тоа е веќе вообичаена пракса во соседните држави, каде компаниите градат и интернати за претстој на работниците, кои во главно доаѓаат од земјите на средниот и далечниот исток.
„Има земји со 114-115 евра минимална плата, а нашата плата е три пати поголема. Исто така имаат и многу полоши услови за живеење и работење“, изјави Организацијата на работодавачи.
Од Организацијата наведоа дека конкретно, има понуда за работници од Непал, но се преговара и со Бангладеш, Пакистан и Индонезија.
Подготвено од М.Н.