28.03.2023 Скопје
Властите во Тунис ја исклучуваат водата во главниот град и другите градови во обид да се намали потрошувачката во услови на голема суша.
Локалните жители соопштија дека водата е запрена во текот на ноќта без предупредување во градовите Тунис, Хамамет, Сус, Монастир и Сфакс.
Владата и претходно предупреди дека е можно да ја исклучуваат водата во текот на вечерните часови во текот на летото за да ја намали потрошувачката поради недостиг на резерви на вода во северноафриканската држава.
Подготвено од А.Ѓ.