24.03.2023 Скопје
Од вчера за десет денари од кутија се поскапени цигарите кои се увезуваат од Србија. Трговците велат дека дистрибутерите им го најавиле ова пред неколку дена, но се изненадени од процентот на поскапување.
Цигарите од домашните производители се уште се продаваат по старите цени, но не се знае до кога. Последен пат цигарите ја сменија цената лани во февруари, а потоа и во јули поради зголемената акциза.
Новите цени се очекувааа со оглед на трендот на зголемување на цените на суровините, репроматеријалите и енергенсите, пред се гасот и електричната енергија, кои имаат значителен удел во производството.
Притисок врз цената на цигарите создава и редовното годишно зголемување на акцизата, која како дополнителна давачка ја воведе државата за да го дестимулира пушењето.
Според последните истражување, Република Северна Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач, а само 40 отсто од населението се пушачи.
Подготвено од М.Н.