evrop unija

24.03.2023 Скопје

Во заклучоците од првиот ден од Самитот, лидерите на Европска Унија го поздравија договорот за патот кон нормализација на односите постигнат од Белград и Приштина, како и анексот за имплементација, што беше постигнат преку Дијалогот што го водеше високиот претставник на ЕУ.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, претходно изјави дека договорот постигнат во Охрид ќе биде составен дел на европскиот пат меѓу Белград и Приштина.

Во Охрид, каде што на 18 март се одржа средба во рамките на Дијалогот меѓу Белград и Приштина, Борел најави дека ќе ги извести министрите за дискусиите што се воделе и дека истото ќе го стори и на Самитот на шефовите на држави и влади на ЕУ.

На самитот двете страни се повикани да ги спроведат своите обврски целисходно и со добра волја.

Подготвено од М.Н.

About Author