27.03.2023 Скопје
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека на државата веќе и е здодевно да ги слуша критиките на Западот.
Унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто истакна дека критиките на Западот за демократските и културните прашања во Унгарија ја попречуваат соработката, особено во однос на НАТО и Русија.
Сијарто додаде дека Унгарија не гласала дали да им дозволи на Финска и Шведска да влезат во НАТО, бидејќи на унгарските пратеници им е преку глава од нивните коментари за нејзините внатрешни работи.
Будимпешта и Брисел ги вкрстија копјата за неколку прашања во последниве години, при што владејачката екстремно десничарска партија Фидес беше обвинета за преземање авторитарен пресврт, злоупотреба на фондовите на ЕУ и субверзија на политиката на блокот кон војната во Украина.
Подготвено од М.Н.