28.03.2023 Скопје
Националното собрание на Унгарија го ратификуваше пристапувањето на Финска во НАТО.
Со 182 гласа за, 6 против и без воздржани, Парламентот на Будимпешта стана 29-тиот и претпоследен кој го одобри влезот на Хелсинки во НАТО Алијансата.
Според извори од финската национална телевизија, Големото собрание во Анкара би можело да го ратификува пристапот на Финска уште оваа недела, додека процедурата што ја чека шведската апликација за членство во НАТО се уште не е позната.
Подготвено од М.Н.