UNESCO

31.03.2023 Скопје

УНЕСКО ги повика владите да спроведат построги етички упатства за вештачката интелигенција (ВИ), одговарајќи на апелот на повеќе од илјада експерти кои повикаа на мораториум на новите системи за вештачка интелигенција.

„На светот му требаат посилни етички правила за вештачката интелигенција: тоа е предизвик на нашето време“, рече Одри Азуле, генерален директор на културното и научното тело на ОН.

Саморегулацијата на индустријата не е доволна за да се избегнат етичките штети предизвикани од понатамошниот развој на системите за вештачка интелигенција, предупредува УНЕСКО.

УНЕСКО соопшти дека е загрижен за многуте етички прашања покренати од овие иновации, особено прашањата за дискриминација и стереотипи, како и за дезинформациите, заштитата на личните податоци и човековите и еколошките права.

УНЕСКО рече дека неговите препораки ќе обезбедат алатки за да се осигура дека „развојот на вештачката интелигенција е во согласност со законот, избегнувајќи штета и осигурувајќи дека кога ќе се нанесе штета, механизмите за одговорност и обесштетување се достапни за засегнатите“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author