18.03.2023 Скопје
Министерството за внатрешни работи информира дека улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ утрово од 8 часот е затворена за сообраќај до завршување на градежните работи, а утре повторно ќе се работи на улицата и таа ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 7 до 19:00 часот.
Од Министерството за внатрешни работи истакнаа дека од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Воедно, апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Подготвено од А.Ѓ.