20.03.2023 Скопје
Додека Полска продолжува да се бори со мигрантите кои пристигнуваат во земјата, се чини дека најголемите трговци со луѓе се Украинците и Грузијците, кои често шверцуваат други националности во земјата.
Според податоците кои граничната управа ги достави, легалната миграција на Украинците и Грузијците ја поттикнува илегалната миграција. Во 2022 година, во 90 отсто од случаите, странски државјани помагале при нелегално преминување на мигранти. Што се однесува до националностите вклучени во овие шверцерски активности, доминираат Украинците и Грузијците.
Ова е повторување на моделот воспоставен во претходните години. Во 2021 година, бројот на странски субјекти запрени за шверц на луѓе, исто така, изнесуваше 90 проценти, а во статистиката водат Грузијците и Украинците.
Странците, исто така, доминираат во статистиката за оние со потерници издадени во врска со трговија со мигранти. Веќе во 2021 година, бројот на издадени потерници за странски државјани за ова кривично дело изнесуваше 70 проценти.
Иако Полска подигна гранична ограда, ги зајакна граничните контроли и донесе итни прописи, проблемите со илегалната миграција сè уште постојат.
Подготвено од А.Ѓ.