28.03.2023 Скопје
По големото ракометно дерби меѓу Вардар и Пелистер кое го одбележаа и големи инциденти, полицијата уапси дваесетина Чкембари, кои за време на притворот, а и потоа најголемата, ако не и единствена помош ја добија од своите најголеми ривали, Комити.
Вардаровите навивачи покажаа голема доблест придржувајќи се на навивачки кодекс дека војната и ривалството се само за на трибина, а дека по завршувањето на мечот се заборава сѐ и дека во тие моменти најважно е да се биде човек. Тие им доставиле храна додека „Чкембари“ биле во полициската станица, за потоа да им организираат превоз на своите конкуренти да се вратат назад во Битола откако биле ослободени од полицијата.
Дербито меѓу Вардар и Пелистер (31-24) го одбележа големиот инцидент, кој го започнаа Чкембари кога фрлаа факли по обичните навивачи, што ги предизвика Комитите да влезат во терен.
Подготвено од А.Ѓ.